Пакистан и Авганистан договорија привремен прекин на огнот
Пакистан и Авганистан објавија привремен прекин на огнот, два дена откако Кабул го обвини Исламабад за смртоносен воздушен напад врз болница за рехабилитација од дрога во авганистанскиот главен град, во кој, како што тврдат, загинале стотици лица.
Препорачано
Двете страни изјавија дека ги прекинуваат борбите пред муслиманскиот празник Рамазан бајрам, на барање на Саудиска Арабија, Турција и Катар, кои се обидуваат да посредуваат за прекин на непријателствата, објави АП.
Пакистанскиот министер за информации, Атаула Тарар, изјави дека ги запира нападите кон Авганистан од полноќ во среда се до полноќ во понеделник.
„Пакистан го прави овој гест на добра волја и е во согласност со исламските норми“, рече Тарар во соопштението и додаде дека во случај на каков било прекуграничен напад, напад со беспилотни летала или терористички инцидент во Пакистан, операциите ќе продолжат веднаш со обновен интензитет.
Портпаролот на авганистанската влада, Забиула Муџахид, не прецизираше временска рамка за прекин на огнот од авганистанска страна, но рече дека неговата земја „храбро ќе одговори на каква било агресија во случај на закана“.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


