Пајак од Охрид има хит: „Дарк сајд“ втора најслушана песна на Јутјуб во Македонија (ВИДЕО)

Фото: Промо

Христијан Настески (Пајак), е талентирано деветнаесет годишно момче кое ни доаѓа од убавиот Охрид, инаку студент во прва година на студии по информатика.

Со музика започнал да се занимавам уште од негова шест годишна возраст, талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката.

– Додека татко ми свиреше на гитара јас постојано се “плеткав” околу него и освен тоа што научив да свирам гитара, го открив и мојот талент за компонирање и пишување текстови. Најмногу инспирација добивам од други артисти, љубител сум и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака”- ни изјави Пајак.

Фото: Промо

Музиката и текстот за “Darkside” се на Пајак, битот на Josh Petruicco x Bra!n, микс и мастеринг на Mecka warrior/Iwayo.

Видео записот е снимен во напуштена фабрика, за целосна реализација на истиот се погрижи Борче Димоски и неговиот тим од “Digital Box” и покрај малите проблеми со кои се соочиле за време на снимањето поради ситуацијата со корона вирусот, на крај се се завршило како што треба.

“Пајак” кој со “Hell Boy” и “Mama” се прослави кај младата публика кај нас и во соседството, за само два месеци достигна над милион прегледи на Јутуб со хитот “Hell Boy”. Дека неговата популарност расте говори и фактот што едни од најпопуларните јутубери на балканот “Baka Prase”од Србија го промовираа како идната македонска трап ѕвезда во подем.

“Пајак” карактеристичен по својот стил и специфичната боја на гласот, заедно со Урбан Рекордс работат на многу нови проекти кои ќе ги слушнеме за многу брзо време, надевајќи се дека со секоја песна ќе допрат и ќе остават важна порака на публиката.

Во продолжение линк од новиот спот за “Darkside”, која е веќе на трендинг позиција на Јутуб во Србија и Босна, а во топ 3 во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот