Пациент на психијатрија со метален држач убил четворица други пациенти

Пациент во психијатриска болница во Романија со држач за инфузија убил четворица други пациенти.

Пациентот (38) три дена претходно сам се пријавил во установата, а до крвавиот напад дошло кога тој започнал да го удира својот цимер со металниот држач за инфузија, а потоа со истиот држач започнал да удира по пациентките во женското оделение.

Тој е приведен од страна на полицијата, а и при самото приведување тој се уште во рацете го држел металниот држач за инфузија, со кој претходно убил четири пациенти кои биле на возраст од над 60 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот