Харви Вајнстин / Фото: EPA-EFE/TIMOTHY A. CLARY / POOL

Озлогласениот продуцент Вајнштајн даде интервју од затвор, вели неговиот живот е ужасен: „Затворот е многу грубо место“

Озлогласениот продуцент Харви Вајнштајн даде интервју од затвор и откри каков е неговиот однос со своите деца. Холивудскиот продуцент беше прогласен за виновен за едно од трите точки на обвинението за сексуални злосторства на судењето во Њујорк во јуни, а претходно беше осуден на 16 години затвор во Лос Анџелес за силување.

Во интервју со Кандис Овенс, тој рече дека ако имал шанса да излезе од затвор, би поминал повеќе време со петте деца што ги има со двете партнерки, објавуваЕ Њуз“.

„Би се преселил што е можно поблиску до моите деца. Моите деца сега ми се прв приоритет, моето семејство е број еден, тие се најважни“, рече тој.

Тој истакна дека повеќе нема да го зема здраво за готово семејството што го има.

„Ја научив лекцијата на тешкиот начин. Цело време бев добар татко. Единственото нешто што можам да го кажам, а што другите луѓе го велат за мене, е дека сум добар татко. Но, би бил многу подобар татко“, рече тој.

Тој исто така рече дека пронашол начин подобро да се поврзе со своите деца.

Иако понекогаш може да ужива во филмовите, Вајнштајн ја опиша и суровата реалност на животот зад решетки.

„Тоа е многу грубо место. Нехигиенско место. Не добивате кошули, не добивате чорапи, долна облека. Храната е одвратна. Мислам, навистина е ужасно“, рече продуцентот, кој е притворен на островот Рајкерс. Додаде дека морал да чека пет дена за да добие перница по последното судење.

Продуцентот минатата година беше подложен на итна операција на срце, а покрај тоа страда од дијабетес, висок крвен притисок, стеноза на ’рбетот, течност во срцето и белите дробови. Минатата година му беше дијагностицирана хронична миелоидна леукемија и започна со третман за овој вид рак на коскена срцевина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот