pixabay

Овие задачи ќе ги тестираат вашите детективски вештини! Обидете се да ја решите фамозната мистерија со затруените коктели

Секој квиз крие скриени докази, но ништо не е како што изгледа на прв поглед. Можете ли да ги откриете клучните детали и да ја дознаете вистината пред да биде предоцна?

Прва задача: ОТРОВНИ ПИЈАЛАЦИ

Марија и Јулија излегле заедно на пијачка. Нарачале коктели. Јулија била многу добро расположена и испила пет чаши во исто време додека Марија испила само една. Коктелите биле затруени, но починала само Марија. Како е можно тоа?

Втора задача: ОТРОВНИ ТАБЛЕТИ

Сериски убиец киднапирал пет лица и ги седнал еден покрај друг. На сите им дал по две апчиња и чаша вода. Им рекол да испијат една таблета, но ги предупредил дека едната е отровна, а другата е безопасна.

Убиецот би ја испил таблетата која жртвата не би ја испила. Секоја жртва некако ја избрала отровната таблета и умрела. Како серискиот убиец ги натерал сите да ги испијат таблетите со отров?

Одговор на првата задача: Отровот бил во мразот. Бидејќи мразот во пијалокот на Марија имал време да се растопи, таа била отруена, а Јулија не.

Одговор на втората задача: Ниту една од таблетите не била отровна. Отровот бил во водата која сите жртви ја користеле за да ја проголтаат својата таблета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот