Овие работи не смеете да ги ставате во микробранова печка

Можеби мислите дека што било можете да ставите во печката, да ја затворите и само да ја вклучите. Но, се лажете. Постојат цела низа садови и други предмети, кои никогаш не смеат да се користат во неа.

Садови од јогурт, пластични садови за складирање храна, овошје, алуминиумска фолија, се само некои од нештата што никогаш не смеете да ги ставате во микробранова печка. И додека некои се штетни за здравјето, други лесно можат да предизвикаат нејзино расипување, дури и пожар.

1. Пластичните садови за еднократна употреба, како оние од јогурт, путер или кисела павлака не смеат да се користат во микробранова печка. Тие се наменети за еднократна употреба и не поднесуваат висока температура. Овој тип на пластични садови во печката се деформираат и се топат, при што испуштаат опасни хемикалии во храната.

2. Готвењето тврдо варени јајца во микробранова печка е голема грешка. Ако сакате да ги направите, само ќе добиете голем неред за чистење. Брзото загревање јајца во микробранова печка создава голема количина водена пареа, која на крај резултира со пукање на јајцата.

3. Ако случајно ви текна супер идеја да ги подгреете остатоците од храна во амбалажа од стиропор, немојте! Тој е вид пластика, а печката е вистински непријател на пластиката, освен ако пишува поинаку на амбалажата. Истото важи и за пластичните садови за складирање храна.

4. Избегнувајте чинии со метален раб. Имено, металот реагира на високата температура и ја оштетува микробрановата печка. Ова правило важи и за алуминиумската фолија, која може и да се запали.

5. Загревањето лути пиперчиња во печката нема да ги направи штетни или да им направи нешто друго лошо, но при загревањето ќе испуштат хемиски соединенија што штом ќе ја отворите вратата од печката, многу ќе ги надразнат вашите очи и грло.

6. Исто така не е препорачливо да вклучувате празна микробранова печка. Во тој случај микробрановите немаат во што да се апсорбираат и таа може да се расипе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот