Фото: Инстаграм

„Оваа развратничка ми го уништи животот“: Се огласи поранешниот партнер на Силва која е во врска со Бастијан Швајнштајгер

Колку и да сме изненадени од врската на Бугарката Силва Капитанова и сега веќе поранешниот сопруг на Ана Ивановиќ, Бастијан Швајнштајгер, Маркос Ферагут е дупло пошокиран. Ако името не ви кажува ништо, тоа е поранешниот партнер на Силва, истакнат бизнисмен и музички промотор од Мајорка.

Се покажа дека Маркос бил последниот што дознал за аферата на неговата поранешна сопруга со Бастијан.

„Оваа бугарска к**ва ми го уништи животот. Останав дома да се грижам за децата додека таа ме лажеше дека е на танц или во теретана. И во тоа време одеше орлано да го задоволува тој …“, се пожалил Ферагут на пријателите, пренесува „Лупа.бг“.

Во Мајорка, неговото презиме е повеќе од симбол, семејството Ферагут го обликувал културниот живот на островот од средината на минатиот век. Дедото на истакнатиот Марк Ферагут, го отворил Аудиториумот Мајорка – центарот на уметноста, каде што настапувале ѕвезди од Херберт фон Карајан до Мадона.

Заедно со својот брат Хуан, бизнисменот роден во Германија организира фестивали, изложби и забави кои се составен дел од постојаната привлечност на Мајорка за богатите туристи.

За жал, Маркос сега останал да се грижи за двете малолетни деца од 6 и 8 години, додека  Силва се забавува со Швајнштајгер во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот