Оваа популарна апликација можеби инсталирала вирус во вашиот телефон – Избришете ја ако ја имате

Доколку денеска превземате или отворате PDF документ на вашиот телефон, и тоа го правите со специфичната Android PDF апликација, тогаш ве очекува големо изненадување.

Причина за тоа е што експертите за безбедност од CamScanner откриле дека, популарната Android PDF апликација, целосно во тишина и незабележливо симнува „малвери“ на телефонот на корисникот.

– Хакерите можат да го користат „заразениот“ уред како што сакаат, од агресивно прикажување на реклами, до крадење на пари од нивните мобилни налози за наплата на претплата, тврдат експертите.

Сама апликација не е малициозна, но содржи „тројанец“ кој собира „спајвер“ и други „малвери“ од малициозни сервери и потоа ги стартуваат на телефонот на жртвата.

„Тројанецот“ познат по името „Necro.n“ тајно е вметнат во апликацијата преку користењето на легитимни пакети за ракламирање.

Програмерите на апликацијата, која е превземена преку 100 милиони пати, можеби дури и не знаат дека нивниот софтвер им задава сериозни главоболки на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот