Оваа недела нема промена на цената на горивата

Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 10.12.2019 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 10.12.2019 година, и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,929 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.12.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 35,407 ден/кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот