Ова во Шпанија беше невозможно: Рамос се израмни со Меси по бројот на голови

Лионел Меси и Серхио Рамос имаат по еден гол сезонава за ПСЖ во „Лига 1“/Фото: psg.fr

Можеби звучи неверојатно, но Серхио Рамос со голот во 62 минута од натпреварот против Ремс (4:0) во француската „Лига 1“ успеа да се израмни по бројот на голови со неговиот тимски колега Лионел Меси.

Аргентинецот после 20 години во Барселона, лани се пресели во Париз, но во тамошниот шампионат никако да блесне и како по обично да го гледаме како ги тресе противничките мрежи, иако неговиот клуб ита кон нова титула.

Од Лео секогаш се очекува гол или асистенција повеќе, но сезонава не е во најдобра форма на која навикнавме да го гледаме. Во 12 натпревари во француското првенство за париските „светци“ постигна само еден гол и запиша досега пет асистенции.

Во ПСЖ пристигна и Рамос, од Реал Мадрид, поголемиот дел од времето беше повреден и во својот само четврти натпревар во лигата го постигна првиот гол.

Ваква ситуација не беше возможна во Шпанија, додека двајцата беа лути ривали на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот