Ова се родителите на Маријана и Росана, имаат посебна љубовна приказна
Љубов која трае со децении имаат мајката и таткото на Маријана и Росана кои денес живеат во Куманово.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мајката на пејачките близначки, Гордана (Гоца) на Фејсбук објави видео од колаж слики од неа и од сопругот и до нив напиша: „Сите фази во животот ги поминавме во хармонија и љубов. Секогаш заедно“.
Под сликите, пријателите коментираа дека нивната љубов е реткост и сите им посакаа да продолжат да живеат во љубов и хармонија
Инаку, еден од спектакуларните концерти на дуото Дац и Александар кои се одржаа на 6 и 7 март, за време на велигденските празници беше емитуван на Телма, предизвикувајќи бројни позитивни реакции кај публиката.
Според коментарите под објавите на социјалните мрежи, гледачите го доживеаја концертот како вистинско музичко уживање, исполнето со емоции, квалитетна изведба и силна сценска енергија. Дел од публиката истакна дека дуото со години го одржува високото ниво на професионалност, што, како што наведуваат, е препознатливо и ценето.
Меѓу коментарите се издвојува и оној на Росана Сариќ – Тодоровска, која рече дека станува збор за „вистинско уживање“ со „убава енергија, убави песни и одличен оркестар“, додавајќи дека настапот бил чест и задоволство за публиката.
Сличен став дели и Огнен Неделковски, кој кратко го сумира впечатокот оценувајќи дека „Дац и Ацо се институција за добро расположение“.
Особено емотивен осврт дава Гоца Сариќ, мајка на Росана Сариќ-Тодоровска, која концертот го опишува како „вистински уметнички спектакл“ што ја воодушевил публиката.
„Вистински уметнички спектакл. Со своите квалитети ја разгаливте публиката. Ова ни фалеше – уметност и музика, сплет кој воодушевува. За гостите посебна пофалба. Ја кренавте публиката на нозе, која едногласно пееше со Росана. Браво“, напиша гордана Сариќ.

Росана, како и Виолета Томовска беа гостинки на овој концерт.
А, меѓу сликите на Фејсбук-профилот на Гоца се и неколку семејни од нејзиното семејство во Австралија и во Македонија, како и стари слики од Маријана и Росана во времето кога ги испејаа првите песни кои сега се евргрини.


