Ова се најплатените фудбалери во Европа: Лео Меси убедливо на врвот!
Угледниот француски весник „Л’Екип“ објави список на најплатени фудбалери во најдобрите лиги во Европа. Лионел Меси е убедливо прв на листата на пет најплатени со плата од 126 милиони евра годишно.
Препорачано
Секако треба да се истакне дека ова се бројки пред оданочување и дека износот на данокот варира од држава до држава, па да речеме Меси зема 71 милион евра по оданочување, Роналдо 31 милион, а Нејмар 28 милиони.
Вака изгледа списокот на плати пред оданочување:
1. Лионел Меси (Барселона) – 126 милиони евра
2. Кристијано Роналдо (Јувентус) – 54,36 милиони евра
3. Нејмар (ПСЖ) – 36,7 милиони евра
4. Антоан Гризман (Барселона) – 34,8 милиони евра
5. Луис Суарез (Атлетико Мадрид) – 34,8 милиони евра.
Секако е интересно што платата на Луис Суарез е сè уште толку висока бидејќи Барселона сепак му исплаќа одреден дел од неговата плата, додека Атлетико му исплаќа нето од околу седум милиони евра годишно.
Бројките кои кружат во фудбалот се неверојатни веќе подолго време, и ова е само уште еден доказ за тоа колку заработуваат врвните фудбалери.


