„Предложете го ова, повлечете го тоа“ — Мицкоски му нуди компромис на СДСМ за Изборниот законик?!
Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи вечерва упати порака до СДСМ и до нивните коалициски партнери поради блокадата на Изборниот законик.
Препорачано
Тој излезе со конкретен предлог до пратениците од опозицијата за да се откочи работата во Собранието и да се изнајде заедничко решение, откако СДСМ доцна попладнево најави дека подготвиле 10.000 амандмани за Изборниот законик за кој мнозинството изгласа дека е потребно да се носи по скратена постапка.
„Ајде вака: предложете амандмани со кои барате корекција на начинот на заокружување и поднесување приговори. Веднаш ќе ви ги прифатиме. Повлечете ги другите амандмани и да го изгласаме Изборниот законик.“
Тој реагираше дека опозицијата се обидува да закочи реформски процес кој претходно со месеци бил договаран меѓу политичките субјекти.
„Истите тие кои ја крадеа, распродаваа и понижуваа Македонија, сега грчевито се борат да ја блокираат. Исплашени се дека, по декемврискиот извештај, сега и во јунскиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите од Западниот Балкан повторно ќе бидеме најдобри… Но, имам лоша вест за нив и нивните коалициони леви партнери: Македонија ќе ве победи вас и вашите блокади. Повторно ќе добиеме најмногу буџетски средства и повторно ќе добиеме најмногу отворени фондови за финансирање на проекти.“
Премиерот појасни дека единственото барање од мнозинството било да се овозможи електронско гласање за иселениците, нешто што, вели тој, на почетокот било прифатено од сите страни.
„Блокираат закон кој со месеци го договараа. Закон во кој им прифативме сѐ што предложија. Единственото нешто што побаравме е дијаспората да може да гласа по електронски пат уште на следните претседателски избори. Прво го прифатија, а денес го блокираат и бараат бледи алиби-аргументи.“
Мицкоски потенцираше дека дијаспората мора да го добие ова право во ера на напредна технологија.
СДСМ подготви 10.000 амандмани за Изборниот законик: „Кражба на избори нема да има“


