Ова никогаш не се случило во историјата на тенисот, и тоа во градот на Роже Федерер
Чудниот ден во Базел, Швајцарија дефинитивно не им донесе задоволство на љубителите на тенисот. Освен во австриската Виена, каде што Јаник Синер го продолжи своето патување кон одбрана на титулата, во Базел видовме само еден комплетен меч, со дури три предадени мечеви во четвртфиналната фаза на турнирот. Нешто што е нечуено во историјата на тенисот.
Препорачано
Денот започна со повлекувањето на Феликс Оже-Алијасим на мечот против Хауме Мунар. Веднаш откако Шпанецот го доби првиот сет со 6:3, Канаѓанецот го информираше судијата и на својот противник и одлучи да се повлече поради проблем со грбот.
Уште еден канадски тенисер се откажа во следниот меч, но во третиот сет од дуелот против Жоао Фонсека од Бразил. Денис Шаповалов го доби првиот сет со 6:3, го загуби вториот со ист резултат, а при резултат 4:1 се откажа, а Фонсека ќе игра за финалето против Мунар.
Третиот дуел беше комплетиран, откако Уго Амбер го победи Рајли Опелка со 7:6, 6:4, а Французинот ќе игра против Шпанецот Алехандро Давидович-Фокина во сабота во полуфиналето.
Откако Давидович Фокина, го доби првиот сет со 7:6, неговиот ривал Каспер Руд од Норвешка одлучи да го предаде мечот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
24мин
-
28мин
-
38мин
-
41мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


