Ова лето може на море и во Турција: Анкара подготвува посебни мерки за туристичката сезона

Фото: Профимедиа

Турција воведува посебни хигиенски мерки и стандарди за да се припреми за враќање на туристите, рекол денеска турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Ерсој за турски Си-Ен-Ен. Чекор по чекор постепено од крајот на мај ќе има укинување на ограничувањата на патувања во земјата, рекол Ерсој и додал дека постепено ќе се воведуваат меѓународни летови.

Владата, како што објаснил тој, развила програм од издавање сертификати за хотели и ресторани кои ќе мораат да го задоволат строгите критериуми, кои вкупно ги има 132, вклучувајќи почитување на хигиенските услови и социјална дистанца.

Вработените, исто така, мораат да бидат обучени за спречување на ширењето на инфекцијата. Се укинува самопослужувањето со храна и пијалоци. Владата исто така објавила листа на болници, со нивните капацитети, кои се достапни во популарни туристички дестинации.

Туризамот е значаен дел од турската економија, а властите пред пандемијата предвидувале пристигнување на 58 милиони гости оваа година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот