Ова е причината зошто не треба да го местите креветот наутро

Добри вести за луѓето кои мразат да го местат својот кревет откако ќе станат наутро: можеби е подобро да го оставите неуреден. Според истражувањата, вашиот душек е полн со мали бубачки и овие бубачки едноставно сакаат кога ќе им го наместите креветот, пишува „Типс енд трикс“.
Топло и влажно
Во истражувањето објавено од Experimental & Applied Acarology, нашите кревети се полни со бубачки наречени прашински грини. И тоа не е само една бубачка што живее во вашиот душек. Очигледно, има 1,5 милиони прашински грини кои направиле дом од вашето сакано легло. Зошто? Бидејќи овие мали бубачки едноставно сакаат топли, темни и влажни места. А вашиот кревет, откако ќе ја поминете ноќта спиејќи, сонувајќи и потејќи се во него, е совршено место за нивно вгнездување. Особено ако ги повлечете ќебињата над вашиот топол и влажен душек веднаш откако ќе скокнете.
Ненаместен кревет
Решението би било само да го оставите креветот несреден. Затоа што неуреден, ненаместен кревет со чаршафи стуткани во топка не е толку примамлив за грините. Особено ако ги подотворите завесите за да пропуштите малку сончева светлина. Грините не сакаат светлина.
Се разбира, на крајот можете да го наместите креветот ако сакате. Само проверете дали душекот и чаршафите се целосно суви пред да го направите тоа.
Друг начин за борба против грините е честото миење на постелнината. А, под често мислиме еднаш неделно. Или набавете различни видови на постелнина. На тој начин можете да ги замените старите чаршафи за нови и нема да мора да ги перете алиштата секоја недела!
Ќе имате чист кревет, а грините ќе мора да најдат друго место за живеење.