Ова е најпопуларниот СПА центар во Грција, ѕвезда на Инстаграм, а секој може да го посети

Спа центрите нудат релаксација на умот и на духот, но овој спа-центар во Грција нуди и подмладување. 

Минатата година овој хотел и спа-центар ја доби титулата за најпопуларен на Инстаграм.Станува збор за новиот СПА центар во хотелот Андронис Аркадија, кој се наоѓа на Санторини и кој ветува дека ќе направи чуда не само за вашиот уморен грб, туку и дека оттука ќе си заминете подмладени.Самиот спа центар е новоизграден дел од луксузното одморалиште Андронис, а нуди неверојатен поглед на Санторини. Располага со 53 луксузни апартмани, сите со поглед на Егејското море и на панорамата на градот.

Како ултимативна ода на луксузот ова место поседува и ресторани, простор за уживање покрај базенот и прекрасна музика која сè тоа го спојува. 

Ексклузивниот спа нуди сосема природни производи, а најпопуларен е егзотичниот третман „Knebb path“ – патека со студена и топла вода која ја стимулира енергијата и циркулацијата.

Ако сте љубител на спа центри или едноставно ако сакате да направите неколку совршени фотографии за својот Инстаграм профил, посетете го овој фантастичен локалитет. 

Уживајте во фотогалеријата.

Фотографија – Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот