Никола Поповски / Трилинг.мк

Ова е најлошиот извештај од Европската комисија во историјата, вели Никола Поповски

„Најновиот извештај на Европската Комисија е најлошиот во историјата на овие 20 години. Ова можеше да се очекува затоа што во минатата година и пол оваа влада јасно стави до знаење дека отстапките за промена на Уставот нема да ги направи во корист на почнување на преговорите“, вели поранешниот министер за финансии и собраниски спикер, Никола Поповски.

„Дури и цврсто беа соопштени од нашиот премиер дека нема отстапување. Тоа влијаеше на Брисел да нема апетит за преговори со Македонија понатаму додека не се исполни предусловот, а во Македонија, за жал, предизвика немање интерес за усогласување со разни поглавја, акти. Логична последица на тоа е- дека после една година нема напредок. Дури и сме во најниската група што може да пристапи кон Европската Унија“, изјави Поповски во гостување во „Трилинг“.

Прашан дали проблемот со Бугарија го користиме како алиби за неспособноста или немањето капацитет во исполнувањето на реформската агенда, Поповски вели дека Владата свесно го прави тоа.

„Во моментот кога не прифати да прави компромис со Уставот, она потсвесно прифати дека нема ни потреба понатаму да се усогласуваме, зошто нема ни да преговараме, за разлика од Црна Гора и Албанија кои активно преговараат неколку години и кои заради тоа се во активна кондиција со фаќање на стандардите на ЕУ. Ние тие стандарди не ги исполнуваме, бидејќи ние немаме ни почеток на преговорите. Комесарката Марта Kос ни даде отрезнување – Македонија нема напредок и е заедно со Србија, Босна, Косово и Турција, а замислете напредокот го направиле Молдавија и Украина. Тоа значи дека ние и во Западен Балкан сме во втората лига. Сметам дека полека перспективите згаснуваат свесно“, вели Поповски.

Тој смета дека со потпишувањето на Договорот со Бугарија не се обезбедиле заштитни механизми, а потоа дојде „fранцускиот предлог“ кој според него го „забетонирал“ лошото позиционирање во однос на Бугарија на ЕУ-сцената.

„Тоа се две грешки коишто СДСМ уште ги плаќа. Сега ВМРО-ДПМНЕ ја „бетонира“ својата улога на непопустливост“, вели Поповски.

За фијаското на СДСМ на локалните избори, Поповски вели:

„СДСМ има серија на грешки. Треба да се соочат со себе, а тоа они не го прават“, вели Поповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот