Ова е грабеж: Сите во шок по последното забивање на Гордон

twitter/ESPN Stats & Info

Неверојатниот натпревар во забивање за време на Ол стар викендот заврши со контроверзна одлука на судиите во последната рунда.

Џонс Џуниор за последното забивање доби 48 поени, додека Арон Гордон доби само 47 откако прво го прескокна највискиот НБА играч, Тако Фол, и потоа со две раце ја заби топката во кошот.


Сите очекуваа ова забивање на Гордон да му ја донесе победата, но судиите не мислеа така и шокираа сите – и гледачите во салата и коментаторите и гледачите пред ТВ екраните!

Ова е чист грабеж – изјави Кени Смит, еден од коментаторите на ТНТ телевизијата, додека неговиот колега Реџи Милер постојано повторуваше дека нешто не е во ред.

Ова е втор пат кошаркарот на Орландо меџик да губи по контроверзна одлука на судиите. Имено, во 2016 година Гордон загуби од Зак Левин иако и тогаш речиси сите мислеа дека пехарот треба да заврши во неговите раце.

– Чувствувам дека требаше да имам два трофеи, мислам дека сум еден од најдобрите, ако не и најдобриот во забивање во моментов. Мислам дека повеќе нема да учествувам! – изјави Гордон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот