Ова е човекот кој го нареди нападот врз Израел: Неговото име е мистерија, гласот му е мирен додека се заканува до целиот свет

Лидер на Хамас Мохамед Даиф принтскрин Твитер

Гласот на снимката е мирен и прецизен бидејќи ја пренесува пораката на ужасот.

– Во светлината на континуираните злосторства врз нашиот народ и во светлината на окупацијата и негирањето на меѓународните закони и резолуции, како и во светлината на американската и западната поддршка, решивме да ставиме крај на сето ова, за непријателот да разбере дека не може повеќе да ужива без да одговара – се слуша во краток аудио клип.

Гласот што се слуша на видеото, објавено неколку часа по нападот врз Израел, наводно му припаѓа на Мохамед Деиф, командант на военото крило на палестинската милитантна група Хамас и организатор на диверзантскиот упад. За време на масовниот напад, најмалку 700 луѓе во Израел беа убиени, а повеќе од 2.000 беа повредени.

Нападот ја подигна на брутално и непредвидливо ниво повеќе децениската кампања на Хамас против еврејската држава. Додека се емитуваше пораката, стотици борци на Хамас ја пробија граничната ограда меѓу Појасот Газа и израелската територија, раширувајќи се низ јужен Израел со подршкан на илјадници ракети.

Речиси убиен

За неколку часа, Хамас го започна својот прв напад без преседан против Израел и исто така зеде десетици заложници во својата крајбрежна енклава. Каналите на социјалните мрежи на Хамас истовремено објавија детално произведени видеа на кои се прикажани неговите милитанти како параглајдираат преку граница и грозоморни слики на мртви војници и преплашени израелски цивили.

Кодното име на Деиф „Гостин“ е упатување на практиката палестинските борци секоја вечер да ја поминуваат во домот на друг симпатизер за да избегнат израелско разузнавање. Саботниот напад беше најхрабриот и најсмртоносниот напад на Деиф до сега.

Мухамед Деиф низ годините во Хамас/Фото: Скриншот

Тој со децении беше прогонуван од Израел и за малку ќе беше ликвидиран во воздушен напад пред 20 години, во кој наводно останал во инвалидска количка откако изгубил рака и нога. Способноста на Деиф да ја надмудри израелската армија додека убива војници и цивили му ја стекна почитта од милитантите.

Осмислувајќи ја оваа акција со која ја начека Израелската војска непогодтвена, Деиф се катапултираше во највисоките ешалони на палестинското раководство. Тој ги засени своите ривали во Фатах, поумерена фракција што ја фаворизира Западот, но и неговите колеги во Хамас, кој САД, ЕУ и Израел го сметаат за радикална терористичка група.

Хамас зеде голем број на израелски заложници

Инаку, Даиф И пред тоа беше како света личност и многу почитуван и во Хамас и кај Палестинците. Неговата најголема операција против Израел сега ќе го претвори во божја фигура за младите – оцени Хаимар Абусада, професор по политички студии на Универзитетот Ал-Азхар во Газа.

Најзначајниот фактор за Хамас е бројот на заложници што ги одведоа во Газа. Израел претходно предаде 1.000 палестински затвореници за да го ослободи војникот Гилад Шалит, по пет години заробеништво од Хамас.

– Хамас многу добро разбира дека трпението е сè што им треба кога станува збор за чување израелски затвореници. Со текот на времето, израелската јавност ќе изгради притисок. Сè што треба да направи Хамас е да чека – нагласи регионален дипломат кој помогна во преговорите за ослободување на Шалит.

Договорот од Осло се смета за предавство

Израелски и палестински аналитичари, вклучително и луѓе кои го познаваа Деиф пред да исчезне во сенките на палестинската милитантност, го опишаа како тивок и интензивен човек кој не е заинтересиран за ривалствата на палестинските фракции. Тие потсетија како тој наместо тоа бил фокусиран на промена на природата на израелско-арапскиот конфликт и користење на насилството како средство за постигнување на тоа.

Тие го опишаа како човек чија способност постојано да се развива заедно со технолошките достигнувања на израелската војска беше илустрирана за време на жестоката 11-дневна војна, пред две години. меѓу палестинската милитантна група и Израел.

Хамас потоа распореди голем број ракети со стара технологија во обид да го ослабне израелскиот противвоздушен систем, на кој речиси му снема муниција. Како и другите во Хамас, Деиф го гледа Договорот од Осло, кој накратко ветуваше мировно решение со преговарање кон крајот на 1990-тите, како предавство на неговиот отпор и првичната цел да го замени Израел со палестинска држава.

Мистерија и неговото точно име

Деиф се обиде да започне втора војна за независност на Палестина од Израел. Главната цел е постепено уништување на Израел. Ова е еден од првите чекори и само почеток – изјави израелскиот армиски полковник Ејал Росен.

Деиф, поранешен бомбаш и терорист како и архитект на повеќедецениската програма за копање мрежа на тунели под Газа, е роден како Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри во бегалскиот камп Кан Јунис во 1960-тите.

Ова го тврди израелски функционер кој е запознаен со неговите разузнавачки информации. Газа тогаш беше контролирана од Египет, а официјалниот претставник рече дека во педесетите годиони на минатиот век или неговиот вујко или неговиот татко учествувале во спорадични напади на вооружените Палестинци во истиот регион во кој борците на Деиф се инфилтрираа во саботата.

Толку малку се знае за него што дури и неговото име е мистерија. Луѓето кои го познавале во осумдесеттите велат дека и тогаш тој го носел презимето Деиф, додека други тврдат дека го знаат по неговото родено име. Засега само една негова фотографија постои во јавноста.

Во времето кога беше создаден Хамас, кон крајот на осумдесеттите, во времне на првата интифада, Деиф имаше дваесетина години. Отприлика во тоа време, Гази Хамад, сега член на политбирото на Хамас, ја делеше затворската ќелија со Деиф откако Израелците ги уапсија.

Од почетокот на својот животот во редовите на Хамас Деиф бил беше фокусиран на својата воена кариера . Секогаш се однесувал културно и љубезно и секогаш го нагласувал својот патриотизам кој вели неговиот соборец од изралеските затворски ќелии, Хамад.

Секое навестување на љубезност набрзо избледе бидејќи Хамас изврши самоубиствени напади за да го сруши Договорот од Осло.

Израел смета дека Деиф е одговорен за смртта на голем број луѓе во самоубиствени бомбашки напади – вклучително и бранот напади во 1996 година во кои загинаа повеќе од 50 цивили. Тој, наводно, учел со Јахје Ајаш, бомбаш со прекар Инженерот, кој бил убиен од Израел во 1996 година.

Деиф се искачи низ рангот на бригадите Касам, военото крило на Хамас, а израелски функционер потврди дека бил вклучен во создавањето на првите ракети. Сега арсеналот на Хамас брои десетици илјади проектили , а само во саботата истрелаа 3.500.

Официјалниот претставник истакна дека Деиф се спротивставува на идејата Хамас да се согласи да ги прекине борбите што се разгореа спорадично во замена Израел да дозволи дополнителни средства за блокираниот појас Газа или повеќе работни дозволи за палестинците кои живеат тамо.

Иако овој аранжман помогна во управувањето со циклусите на насилство, исто така доведе до четири војни, а потоа и до сегашната, која милитантите ја прикажаа како победа.

– Оваа терористичка акција стави крај на оваа досегашна практика бнидејќи веќе нема да има простор за примирје туку само одмазда. најавуваат Изралеците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот