Отворени три нови телефонски броеви за психолошка поддршка

фото Архива

На телефонските броеви одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.

Во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка поддршка за трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка за лица во самоизолација на албански јазик во периодот со справувањето со Ковид-19 во земјава, соопшти Министерството за здравство.

На телефонските броеви, како што соопштија, одговараат стручни лица, психијатри од Клиниката.

Трудниците и родилките на кои им е потребна психолошка поддршка можат да се советуваат на телефонскиот број 078/378-766 во периодот од 9 до 16 часот. Лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот можат да се советуваат на 072/919-009  во периодот од 9 до 16 часот на овој телефонски број преку апликацијата „Вибер”. Овозможена е и поддршка за лица во самоизолација на албански јазик на 070/291-657 од 9 до 16 часот.

Од Министерството потсетуваат дека функционираат и останатите телефонски броеви за психолошка поддршка. Родителите на деца на предучилишна возраст и училишна возраст можат да се јавуваат на телефонскиот број 072/912-676. Возрасните лица кои се во самоизолација можат да се јавуваат за психолошка поддршка на 072/919-009.

– Телефонскиот контакт на возрасните лица во самозиолација и лицата со нарушен слух, говор и глас е ист, меѓутоа комуникацијата за вторите лица е исклучиво преку „Вибер” апликацијата, се вели во соопштението.

Во соработка со УНИЦЕФ и во партнерство со Универзитетската клиника за психијатрија, додаваат од Министерството, отворени се дополнителни линии за психолошка поддршка наменети за родители и самите деца на училишна возраст, секој работен ден од 9 до 16 часот. За тинејџери и нивните родители на телефонскиот број 078/378-728 и за родители на деца со попреченост на 070/291-574.

– Грижата за психичкото здравје е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со коронавирус, додаваат во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот