Отворена истрага: Претседателот на Фудбалската федерација на Италија обвинет за перење на пари

Фото: EPA-EFE/FABIO CIMAGLIA

Габриеле Гравина, претседателот на Фудбалската федерација на Италија се наоѓа под истрага на обвинителството поради проневера и перење на пари во врска со ТВ правата.

Првиот човек на италијанскиот фудбал доброволно се сретнал со обвинителите и негирал било каква вина. Тој е обвинет дека противзаконски ги користел парите од продажбата на ТВ правата во 2018 година кога ја водеше третата лига во Италија.

„Баравме сослушување и ја приложивме документацијата за да покажеме дека нашиот клиент е невен. Се расчистивме и сигурни сме дека вистината набрзо ќе излезе на виделина“, изјави адвокатот на претседателот на ФИГЦ.

Гравина на чело на ФИГЦ е од 2018 година. Од април 2021 година исто така е избран во извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот