Отсуството на обвинетиот Владимир Талески го одложи судењето за „Транспортер”

Фото: Принтскрин

Судското рочиште за „Транспортер” се одложува за 4 март поради отсуство на обвинетиот Владимир Талески, кој за тоа доставил медицинска документација.

Судијката Добрила Кацарака, рече дека нема да прифати одложување на рочишта со секоја доставена медицинска документација и го извести бранителот дека ќе побара проверка и доколку обвинетиот можел да присуствува ќе побара итно стражарско приведување.

Случајот се наоѓа во завршна фаза, со давање на завршни зборови.

Во „Транспортер” обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот