Акција за заплена на режан тутун по пазарите/ Фото: Архива на Слободен печат

Откупот на тутун трае до крајот на февруари, досега откупени околу 25 000 тони по 419 денари

Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега откупувачите од производителите купија околу 25 000 тони по просечна цена од 419 денари за килограм. Откупот привршува но тутунарите не треба да стравуваат, зашто пунктови ќе има отворено до крајот на февруари, до 28, кога е законскиот рок за откуп.

-Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Но потсетувам, дека и кооперантите и откупувачите треба да знаат, законски, откупот на тутунот трае до 28 февруари. Се појавуваат информации дека е хаос во откупот. Тоа не е точно и не треба да се доведуваат тутунопроизводителите во заблуда. Со години се врши намалување на пунктовите за откуп, бидејќи се и намалени количествата за откуп на тутун. Тутунопроизводителите да не се плашат, целиот род ќе им биде откупен. Треба да бидат трпеливи, да им се исуши тутунот и да може да им биде откупен во прва класа, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Сојузот е подготвен да разговара и со откупувачитеи со ресорното министерство за новата реколта и новите договори со цени.

– Да завршат празниците, очекуваме да ги почнеме разговорите и со откупувачите за договорите за годинашнава реколта и за новите цени, а со Министерството заземјоделство за Законот за тутун, вели Ристески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот