Откријте го најприватниот остров на светот (ФОТО)

Сместен во Гладен, островот опкружен со корали и бел песок во самото срце на Големиот Корален Гребен е совршено место за одмор од секојдневието…

Најприватниот остров на светот е сместен на источното крајбрежје на Централна Америка, а граничи со Мексико на северозапад, Карипското море на исток и Гватемала на југ и запад. Сепак, поради приватни цели, на овој остров постои само една вила, за две лица на најдалечната точка на светот.

Како една од најубавите локации на светот, приватниот остров Гладен се наоѓа на самиот раб на Големиот Гребен во Карипското море. Овој гребен е најдолгиот на Западната хемисфера, а втор најголем во целиот свет. Островот Гладен се наоѓа на точката “Gladden Split”, каде ајкулите се собираат еднаш годишно, нудејќи неверојатни и сликовити можности за нуркање и други активности во вода, кои за вас ги организираат консиерж и бродските капетани.

Двособниот хотел, односно вила е единственото сместување на овој остров и во целост е наменет само за гостите. Дури и персоналот, кој е тука да ја испочитува секоја ваша желба се наоѓа во близина на островот. Значи, животот на овој остров не е епизода за преживување, туку all-inclusive искуство. Во понудата има мастер апартман, доколку сакате да го посетите овој рај со своето семејство или пријателите.„Мерачот на приватност“ индицира дали било кој член на персоналот се наоѓа на островот во секое време од денот.

После истражувањата и идиличниот живот на плажа, гостите можат да уживаат во фантастичните оброци кои ги подготвуваат

гурманските готвачи од целиот свет. Спа третмани или чартер чамците исто така ви се на располагање преку приватен консиерж.

Можете ли да замислите подобар рајски одмор?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот