Како англиска роза: Откриено името на новородената ќерка на Пипа Мидлтон
Родена е на почетокот на јуни кога розите се во полн цут во Велика Британија, па нејзините родители Пипа Мидлтон (38) и Џејмс Метјуз (46) го избрале соодветното име – Роуз.
Роуз е нивното трето дете: во октомври 2018 година станаа родители на синот Артур, а едногодишната ќерка Грејс е родена во март 2021 година.
Девојчето е родено во родилиштето Линдо Винг во болницата „Св. Мери“, каде се родени сите три деца на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам: деветгодишниот принц Џорџ, седумгодишната принцеза Шарлот и четиригодишниот принц Луис.
И покрај тешката бременост, Пипа Мидлтон присуствуваше на гала свеченоста „Забава во палатата“ по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, каде дојде со својот сопруг Џејмс Метјуз, менаџер за инвестиции и поранешен професионален возач, својот брат Џејмс Мидлтон и неговата сорпуга Ализе Тевенет.
Од блиските семејни кругови е познато дека двојката наскоро планира да се пресели во Баклбери во Беркшир, каде што живеат родителите на Пипа.
Така, тие во секое време ќе можат да сметаат на нивната помош и услугата на бабата, а нивниот нов дом е на само педесет минути возење од Виндзор, каде што Кејт и Вилијам го поминуваат летниот одмор и слободните денови со своите деца, па сите шест братучедите ќе можат почесто да играат заедно.
Пипа пораснала на тоа место заедно со нејзините браќа и сестра, а нивните родители сè уште живеат тука. Исто така, на овој начин таа ќе биде во близина на нејзината сестра Кејт.
Се породи сестрата на Кејт Мидлтон: Ова е трето дете за Пила и сопругот Џејмс