Пипа Мидлтон и Џејс Метрјус станаа родители по втор пат: Името на девојчето има посебна врска со војвотката Кејт!

epa-efe
Пипа Мидлтон со сопругот/Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Две години по раѓањето на нејзиниот син Артур, помладата сестра на Кејт Мидлтон, Пипа Мидлтон го поздрави доаѓањето на своето второ дете. Таа и нејзиниот сопруг Џејмс Метрјус овојпат станаа родители на девојче.

Пред само неколку дена Пипа Мидлтон беше фотографирана како вози скутер низ улиците на Лондон со нејзиниот син Артур потврдувајќи го фактот дека е на чекор пред породување.

epa-efe
EPA-EFE/TOBY MELVILLE / POOL

Како што потврдија извори блиски до семејството за магазинот „People“, девојчето, кое гордите родители Пипа и Џејмс го нарекле Грејс Елизабет Џејн се родило утрово околу 4 часот и 22 минути, а нејзиното доаѓање на свет ја воодушеви британската јавност.

Многумина веднаш забележаа дека со изборот на името на девојчето, Пипа сакала да ѝ оддаде почит на нејзината постара сестра, британската војвотка и сопругата на идниот крал, Кејт Мидлтон.

epa-efe
EPA/JONATHAN BRADY

Имено, тетката и внуката сега делат исто средно име – Елизабет, бидејќи целото име на Кејт Мидлтон е Кетрин Елизабет Мидлтон.

37-годишната Пипа Мидлтон и 45-годишниот Џејмс Метјус го добија своето прво дете, синот Артур, во октомври 2018 година во истата болница каде што се породи и нејзината сестра Кејт, во болницата „Сент Мери“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот