Откако се појави змија во паркот кај Веро 2, Општина Карпош става репелент за заштита

Откако викендов во паркот спроти Веро 2 во скопската населба Козле се појави змија долга метар и половина и ги вознемири посетителите на фреквентната локација, Општината денеска е во акција за справување со проблемот. Во тек е акција на службите на општина Карпош за поставување „репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите.

Стручните лица го поставија ова наменско средство околу основните училишта и детските градинки на територија на локалната самоуправа.

Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи.

Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација. Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина, информираат од Општина Карпош.

ВИДЕО: Змија во паркот кај Веро 2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот