Откако му пропадна размената со Барселона, Јувентус се врти кон Лондон

„Старата дама“ ќе се обиде да се договори со Челси од каде Маурицио Сари би ги добил своите омилени играчи.

Размената помеѓу Барселона и Јувентус во која Пјаниќ требаше да се пресели во каталонскиот клуб пропадна поради алчноста на италијанскиот тим.

Откако Артур одби да се пресели во Италија, Јувентус ја шокира Барселона со барањата, прво ги сакаше тинејџерот Ансу Фати, а потоа и Френки де Јонг.

По ваквите барања на Јувентус, Барселона која нема намера да се откаже од двајцата играчи кои ги гледа како идни ѕвезди и наследници на Лионел Меси, се откажа од размената.

Поради тоа, „старата дама“ сега се сврте кон Лондон каде се надева дека ќе успее да се договори со Челси.

Маурицио Сари кој минатата сезона ги предводеше „сините“ сега во Торино сака да ги донесе, Емерсон Палмиери и Жоргињо.

Сари е подготвен освен одредена сума на пари во Лондон да ги испрати Федерико Бернардески или Даглас Кошта во замена за двоецот на Челси.

Но, менаџерот на Челси, Френк Лампард не е задоволен од понуденото на првичните разговори и бара во размената да биде вклучен и Алекс Сандро кој треба да донесе цврстина во бековските позиции по евентуалното заминување на Палмиери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот