Instagram

Откако Илон Маск ја поддржа актерката, „Дизни“ и Џина Карано, по отфрлањето на тужбата, постигнаа спогодба

Откако беше отпуштена од Mandalorian“ во 2021 година поради контроверзни објави на социјалните мрежи, Џина Карано го тужеше Дизни“ за неправедно отпуштање и дискриминација во 2024 година. Сега порачува дека е постигнато решение со најдобар исход за сите“, а Лукасфилм“ изненади со објавувањето на отвореност за идна соработка.

Дизни“ ја отстрани актерката Џина Карано од „Mandalorian“ во 2021 година поради објави на социјалните мрежи што компанијата во тоа време ги нарече одвратни и неприфатливи“ за омаловажување на луѓето врз основа на нивниот културен и религиозен идентитет“.

Според извештајот на „Варајати“, Карано на Инстаграм напишала: Евреите биле тепани на улиците, но не од нацистички војници, туку од нивните соседи… дури и децата“.

Во 2024 година, Карано го тужела Дизни“ за неправедно отпуштање од работа и родова дискриминација, тврдејќи дека била отпуштена поради изразување конзервативни мислења, велејќи дека машките колеги кои ги изразиле ставовите не претрпеле никакви последици.

Откако ќе се затвори оваа тужба, со нетрпение очекуваме да најдеме можности за соработка со г-ѓа Карано во блиска иднина“, изјави портпаролот на Лукасфилм“ во четвртокот.

Во објава на социјалната мрежа X, Карано ја нарече резолуцијата најдобар исход за сите вклучени страни“, заблагодарувајќи му се на Маск за поддршката на мојот случај без да бара ништо за возврат“.

Актерката беше критикувана и за објавите на Твитер, во кои се потсмеваше на носењето маски за време на пандемијата на ковид и повторуваше лажни тврдења за измама на гласачите на претседателските избори во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот