Отфрлена жалбата на Начевски и Николов, останува двегодишната суспензија
Двегодишната суспензија за најдобрите македонски судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе остане на сила откако Апелациониот суд на ЕХФ ја отфрли жалбата.
Препорачано
Ќе потсетиме ЕХФ на 10 јануари ја повлече номинацијата на македонските судии за Европското првенство, а потоа и ги суспендираше на две години поради лажирање на фитнес тест.
„Апелацискиот суд на ЕХФ ја потврди одлуката на Судот за ракомет во случајот против македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Пред почетокот на Европското првенство за мажи ЕХФ ЕУРО 2026, Европската ракометна федерација ја повлече нивната номинација поради наводна манипулација со прикачени видео снимки од таканаречениот „Multistage Fitness Test“.
Врз основа на експертската анализа на партнерот за интегритет на ЕХФ, „Спортрадар“, е утврдено дека спорните видеа биле манипулирани, по што Судот за ракомет донесе одлуки санкции кои сега се потврдени и од Апелацискиот суд на ЕХФ.
Двајцата судии се суспендирани од извршување на било каква функција во рамки на ЕХФ и учество во било какви активности на федерацијата во траење од две години, сметано од датумот на првостепената одлука, поради сериозно неспортско однесување“, објави ЕХФ.
Македонските арбитри се казнети и со по 5.000 евра, а сега ќе имаат право на жалба до Европскиот ракометен суд и истата можат да ја поднесат во рок од 21 ден.


