Осум членки на ЕУ бараат Украина веднаш да ги почне преговорите за членство

Европска унија /Фото: Миа

Претседателите на осум држави од централна и источна Европа во понеделникот ги повикаа земјите-членки на Европската унија веднаш да ѝ дадат на Украина статус на земја-кандидат за членство во ЕУ и да започнe преговори, стои во отвореното писмо објавено вечерва.

„Ние, претседателите на земјите-членки на ЕУ: Република Бугарија, Чешката Република, Република Естонија, Република Латвија, Република Литванија, Република Полска, Република Словачка и Република Словенија силно веруваме дека Украина заслужува да добие итна можност за пристап во ЕУ“, се вели во писмото, објави Ројтерс.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денес го потпиша барањето за членство на Украина во Европската унија, изјави заменик-шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Сибига.

-Претседателот на Украина В. Зеленски потпиша историски документ – апликација за членство на Украина во Европската унија, напиша Сибига на Фејсбук, пренесе Интерфакс.

Барањето го потпишаа и претседателот на Врховната Рада Руслан Стефанчук и премиерот Денис Шмигал.

Зеленски утринава во видео порака ја повика Европската унија веднаш да ја прифати Украина во ЕУ.

ВО ЖИВО | Продолжува конфликтот меѓу Русија и Украина, вести од минута во минута

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот