ОСТАВИЛА ПОРАКА, ПА СЕ УБИЛА И ГИ УБИЛА ДЕЦАТА: Мајка одлучила синовите да ги ОДВЕДЕ ВО СМРТ, а ова е причината! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Една кинезинка скокнала со своите два сина во река, а пред тоа оставила застрашувачка проштална порака на социјалните мрежи. Во пораката напишала дека повеќе не може да се справи со своите „лажни“ родители, односно свекрвата и свекорот.

По убиството и самоубиството се појави и вознемирувачко видео на кое се гледа како Ши во рацете го носи помладиот син (3), додека постариот (6) го води за рака покрај реката во градот Жангшоу.

Постариот син весело потскокнува не насетувајќи што го очекуваа. Три дена подоцна нивните тела се пронајдени во реката, околу 15 километри подалеку од куќата во која живееле, пренесува Daily Mail.

Нејзиниот сопруг Хуанг Туанф го пријавил нивното исчезнување откако ја видел нејзината порака на социјалните мрежи. Во неа ги обвинила родителите на својот сопруг дека лошо се однесувале кон неа и децата. Навела дека постојано ја навредувале во последните седум години.

„Жалам, ги водам твоите сакани синови со себе“, додала таа, извинувајќи му се на сопругот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот