Осомничениот за убиството на Саздо екстрадиран во Македонија

Осомничениот за убиството на Никола Саздовски е екстрадиран и сега е достапен за органите на прогонот во Македонија, потврди МВР.

21 годишниот Јeтон Љужа на 29.06.2018 веднаш по убиството избега од Македонија.

Од МВР потврдуваат дека лицето Ј.Љ е екстрадирано. По него беше распишана потерница, а го фатила германската полиција.

-Денеска ( 21.09.2020) од Германија во Република Северна Македонија е екстрадиран Ј.Љ. (21)од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „убиство“ односно на 29.06.2018 околу 17.35 часот во Скопје заедно со Б.Б. и С.Д. го нападнале Н.С., кој починал од нанесените повреди. За Ј.Љ. беше распишана меѓународна потерница на барање на ОЈО Скопје. Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Северна Македонија- стои во соопштението на МВР.

Прочитајте и...  За карикатурата со Ердоган: Турција ќе го тужи „Шарли Ебдо“

МВР информира дека во изминатиот период од 18 месеци, како резултат на соработката со германската полиција, во Германија се приведени 50 лица по кои трагаат нашите институции, од кои дел се екстардирани, а за дел постапката е во тек.

Јавното обвинителство потерницата за Лужа ја објави по реакциите на јавноста дури 20 дена откако почина Никола Саздовски, а двајцата првообвинети беа притворени. Им се судеше само на Бесир Беља и Скендер Демири, кои добија по 19 години затвор за свирепо убиство.

Никола Саздовски/ Фото: Фејсбук

Бесир Беља, Скендер Демири и Јетон Лужа му пришле на сега починатиот Никола Саздовски- Саздо, му побарале лична карта, па откако се увериле дека е Саздо, го нападнале.

Никола Саздовски беше нападнат на 29 јуни 2018 година на автобуска постројка во Автокоманда, кој после една недела во козматозна состојба им подлегна на повредите во КАРИЛ.

Саздовски: Ни една мајка не треба да го закопа својот син

Поврзани вести

ВИДЕО: Ова е младата пратеничка на која Дачиќ и отстапи микрофонот за пеење

Илинка Иљоска

Италија пријави најмногу заболени во еден ден, речиси 25.000

Слободен печат

Со позитивен корона тест, но лесни симптоми и Марјан Забрчанец

Строгите мерки во Ирска даваат резултати со бројот на новозаразени

Илинка Иљоска

Налепниците за растојание во Либија го добија ликот на Макрон

Илинка Иљоска

Детално за мерките и казните – маските се задолжителни секаде, без нив – 20 евра

Слободен печат

Остави Коментар