Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи остануваат непроменети

Ликвидноста ослободена преку основниот инструмент на Народната банка, од вкупно 15 милијарди денари во април и мај, оценето е дека е соодветна, при што банката донесе одлука на аукцијата на благајнички записи што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари, велат од НБРМ.

Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,5%, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за натамошно зголемување на ливидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економија. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, НБРМ одлучи каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови.

Истовремено, ликвидноста ослободена преку основниот инструмент на Народната банка, од вкупно 15 милијарди денари во април и мај, оценето е дека е соодветна, при што банката донесе одлука на аукцијата на благајнички записи што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија. Генерално, ширењето на вирусот ковид-19 во глобални рамки и во домашната економија резултираше со негативни ефекти врз деловната активност и влијаеше поизразено врз довербата и очекувањата на фирмите и потрошувачите и во текот на вториот квартал. По забавувањето на растот на економијата во првиот квартал на оваа година, тековно расположливите високофреквентни податоци за периодот април-мај упатуваат на понатамошни негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност.

– Во однос на инфлациските движења, ценовните промени за вториот квартал се нешто повисоки од проекцијата за вториот квартал, но тие се движени од фактори на страната на понудата. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени и променливост на цените на примарните производи, присутна е неизвесноста околу проекцијата на инфлацијата од 0%. за 2020 година, соопштуваат од банката.

Нивото на девизните резерви и натаму се одржува во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје се нешто подобри од очекувањата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот