Османи: Има потреба од поголема политичка соработка, но рано е да се каже за промени во извршната власт

Партискиот портпарол на ДУИ Бујар Османи вели дека во моментот има потреба за поголема политичка соработка со цел да се надминат поголем број предизици, но сеуште е рано да се каже дека ќе има некаква промена во извршната власт. Ова го истакна на новинарските прашања пред почетокот на продолжението на седницата на претседателството на ДУИ во партискиот штаб во Мала Речица.

„Веќе имам кажано дека постои политички момент за поширока координација меѓу политичките партии затоа што се наоѓаме во пресрет на многу кризи. Не само кризи, прво потребата од уставните измени, второ почетокот на скринингот и почетокот на преговорите кои што бараат поблиска координација на политичките партии. Енергетската криза, економската криза, значи моментумот е таков да бара поголема координација. Дали тоа формално ќе се манифестира во форма на некаква соработка да оставиме времето да покаже“, посочи Бујар Османи.

На новинарските прашања дали влезот на Алијанса за Албанците ќе значи формирање на фракција во ДУИ од редовите на ткн. Огнена група, Османи рече дека се тоа шпекулации.

„Не можам да коментирам шпекулации кои што се пренесуваат без да некој ги каже конкретно. Тоа се текстови кои ги читаме низ порталите, се повикуваат на некаква група, а нема имиња и презимиња. Да видиме овде во дебатата што ќе се разговара. Ќе се разговараат сите политички актуелности се разбира и внатрепартиски и врз основа на тоа ќе се донесат одлуки. Во ова фаза можам да кажам дека постои политички моментум за поширока координација помеѓу политички партии во пресрет на овие предизвици во кои што се наоѓа државата. ДУИ е партија која преку внатрешна дебата ги надминува сите предизвици и секогаш излегува посилна“, рече Османи.

Партискиот портпарол на прашањето дали ДУИ би отстапила минитестерско место рече дека се уште не се во таа фаза на одлучување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот