Ослободителна пресуда за новинарот Божиновски

Кривичниот суд денеска донесе ослободителна пресуда за новинарот Зоран Божиновски во случајот „Шпион“.

На 21 минатиот месец Кривичниот суд им изрече ослободителна пресуда на петмина обвинети во случајот „Шпион“ за кој се води повторена постапка, откако Апелација делумно ја укина пресудата.

Со аплауз беше дочекана одлуката од страна на Миќо Насковски, Марјан Маџовски и Горан Стојков, Ѓорги Хаџимицев и Цветан Дамјановски. Дел од нив беа обвинети за злосторничко здружување и незаконско поседување на оружје.

Во предметот „Шпион“, со првостепената пресуда сите деветнаесет обвинети беа прогласени за виновни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот