Оскаровец уапсен за сексуално злоставување: Не се соочува првпат со вакви обвинувања

Пол Хагис
Пол Хагис / Фото: EPA-EFE/CLAUDIO ONORATI

Канадскиот режисер и сценарист, добитник на Оскар, Пол Хагис беше уапсен вчера во Остуни, град во јужна Италија, поради обвинение за сексуално злоставување и нанесување тешки телесни повреди, пренесуваат странските медиуми.

Хагис, кој доби Оскар за сценариото на филмот „Million Dollar Baby“, но и ја доби истоимената награда за филмот „Crash“ во категоријата за најдобар филм, бил пријавен од млада жена чиј идентитет полицијата не го открива. Девојката го обвинила дека ја принудил на сексуален однос во Остуни, каде Хагис за време на неговиот дводневен престој требало да одржи серија курсеви на новиот филмски фестивал „Allora Fest“ што ќе се одржи од 21 до 26 јуни.

Италијанската полиција извести дека жената била однесена на аеродромот во Бриндизи во неделата наутро и била оставена таму и покрај нејзината „неизвесна физичка и психичка состојба“. Таму ја пронашле членови на персоналот на аеродромот кои ѝ помогнале да стигне до болницата во која добила соодветна помош. Потоа го пријавила случајот во полиција.

Адвокатката на Хагис, Прија Чаудри, истакна дека не може да разговара за доказите, според италијанскиот закон.

„Уверена сум дека сите обвиненија против г-дин Хагис ќе бидат отфрлени. Тој е целосно невин и е подготвен да соработува со властите за брзо да ја изнесат вистината на виделина“, посочи таа во соопштението.

Ова не е првпат Хагис да се соочи со вакви обвинувања. Во 2018 година, публицистката Хали Брест го тужеше тврдејќи дека ја силувал во нејзиниот стан во Њујорк, САД, во 2013 година, а по нејзините наводи, уште три жени се јавија со обвинувања за сексуално недолично однесување. Канаѓанецот ги отфрли сите обвинувања, а судењето сè уште „виси во воздух“ откако беше одложено поради коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот