„Оштетената“ Козара ќе се обновува напролет

улица козара во капиштец
Ул. Козара во Капиштец/Фото: Слободен печат/Анета Стојковска

Градоначалникот Герасимовски им даде рок на инвеститорите од три дена за да го отстранат градежниот шут од тротоарите, да воспостават ред во одбивањето на сообраќајот и редовното да ги мијат гумите на возилата при излез од градежната зона.

За улицата Козара во Капиштец избран е изведувач и попишан е договор за  реконструкција, која како што информираат од Општина Центар, според  програмата за работа треба да започне на почетокот на пролетта.

На оваа улица, позната во јавноста по тоа што истовремено тече изградбата на дури седум згради, а во меѓувреме во изминативе години никнаа уште толку кои се веќе изградени, владее вистински урбанистички хаос. Улицата поради градежните работи е во катастрофална состојба, со дупки и оштетувања на асфалтот.

Дали освен овие што се во тек следува изградба и на нови станбени објекти на местото на неколкуте останати куќи на два ката? Од Општината велат не.

Освен за седумте згради што се во изградба, за улицата „Козара“ Општина Центар нема издадено други одобренија за градење – тврдат од Центар.

Неодамна Козара ја посети и новиот градоначалник Горан Герасимовски, кој се увери во поплаките на жителите и вети дека големите оштетувања на коловозот Општината ќе ги санира во најкус можен рок. Тој им даде рок на инвеститорите од три дена за да го отстранат градежниот шут од тротоарите, да воспостават ред во одбивањето на сообраќајот во околината како и редовното да ги мијат гумите на возилата при излез од градежната зона.

Една улица погоре од Козара е улицата Елисие Поповски Марко, која се протега од Водњанска до црквата Свети Јован. И на оваа улица во минатото имаше изградба на повеќе објекти, па и на неа асфалтот е многу оштетен и улицата е полна со прекопи, лошо санирани. За оваа сообраќајница исто така се планира реконструкција напролет

За улицата Елисие Поповски Марко, во тек е изработка на проектот за реконструкција. Почетокот на градежните работи е планиран за крајот на април или почетокот на мај, во наредната 2022 година – велат од Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот