„Оруч рејс” со непроменета позиција, Дендиас на средба со Помпео

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис ја информирал Меркел за турските прекршувања во пресрет на состанокот на Советот за надворешни прашања на Европската Унија.

Турскиот брод „Оруч рејс”, утрово плови јужно од грчкиот остров Родос и југоисточно од Крит, во, како што смета официјална Атина, грчкиот континентален гребен, а во истовреме, Грција се обидува дипломатски да ги блокира активностите на Турција во Источниот Медитеран, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска во Виена ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, а од австрискиот главен град, ќе учествува и на вонредниот состанок на Советот за надворешни прашања на ЕУ.

Според Министерството за надворешни работи на Грција, разговорите на Дендиас и Помпео ќе се фокусираат на случувањата во Источниот Медитеран, под призмата на ескалацијата на турските прекршувања.

Министерот за надворешни работи на Грција ќе се сретне и со неговиот австриски колега со кој заедно ќе земат учество на Советот за надворешни прашања на ЕУ што ќе се одржи преку видеоконференција, а е свикан вонредно, по барање на официјална Атина за, според грчкото МНР, „да се разговара за нелегалните актвности на Турција во делот на грчкиот континентален гребен”.

Прочитајте и...  Филипче: Состојбата со коронавирусот е критична, притисокот врз болниците е огромен

Државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис говорејќи за радиото „Скај” рече дека од денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ очекуваат јасна поддршка од унијата за грчките позиции.

За случувањата во Источниот Медитеран, германската канцеларка Ангела Меркел, вчера телефонски разговарала со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис ја информирал Меркел за турските прекршувања во пресрет на состанокот на Советот за надворешни прашања на Европската Унија.

Според туската новинска агенција „Анадолија”, Ердоган, за време на телефонскиот разговор со Меркел истакнал дека Турција верува во решавањето на проблемите во Источниот Медитеран во рамките на меѓународното право, засновано на дијалог и правичност.

Прочитајте и...  ВО ЖИВО: Прес-конференција на Заев за одлуките на Конгресот на СДСМ

Поврзани вести

Стејт департмент: Утре стапува на сила примирје во Нагорно Карабах

Слободен печат

Путин: Не гледам ништо противзаконски во активностите на Хантер Бајден

Слободен печат

Нов црн рекорд во Франција: Повеќе од 50.000 новозаразени, ситуацијата во болниците се влошува

Слободен печат

ВИДЕО: Трамп тврди – „Конфликтот во Нагорно Карабах може лесно да се реши“

Слободен печат

Коронавирусот се појави и во хрватската Влада: Позитивна министерката Брњац, уште двајца министри одат во самоизолација

Слободен печат

Мицкоски: Националната катастрофа со ковид-19 е последица на убиствената неспособност на Владата

Слободен печат

Остави Коментар