Орбан предупредува: Мигрантите чукаат на европските врати

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека со смирување на пандемијата, проблемот со миграцијата повторно ќе стане фокус на европската политика.

Легијата на миганти, според Орбан, чукаат на вратите на Европа, изјави тој во унгарското радио Кошут.

Бројот на мигранти кои се обиделе нелегално да влезат во Унгарија преку Јужниот граничен премин оваа година пораснал на 38 илјади, за разлика од лани кога овој период имаше пријавено 10 илјади мигранти.

Орбан смета дека проблемот со мигрантите се засилува не само на копно, туку и преку европските поморски граници.

Премиерот на Унгарија го искажа ставот на државата во врска со одбраната од миграцијата, велејќи дека таа е опасна кога е време на пандемија, поради што Унгарија предложија да се забрани било каква миграција во овие две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот