Општината се пофали со нов парк во Стар Аеродром, жителите велат: Таму веќе има парк

Општина Аеродром информираше дека денеска започнале со активности во Стар Аеродром за изградба нов парк на површина од 2.300 квадратни метри, ново зеленило, место за одмор и рекреација уредено со модерна опрема во согласност со најсовремените стандарди.

Се работи за уште една инвестиција со која се реализираат ветувањата за зелени проекти, подобрување на условите за урбаното живеење, како и зачувувањето на животната средина. Изградбата на паркот вклучува поставување урбана опрема, зеленило и хортикултурно уредување, поплочување на патеките, современ систем за наводнување и модерно лед осветлување – велат од Аеродром.

Според нив во следниот период, ќе се реализираат повеќе капитални инвестиции, како што се нови паркови, плоштади и енергетско-ефикасни проекти кои ќе ја создаваат новата реалност и поубава слика за општина Аеродром.

Но, на најавата на Општината и на градоначалникот Тимчо Муцунски реагираа жители на Стар Аеродром кои ,велат дека не може да се прави нов парк на место каде што тој веќе постои, туку единствено може да се постават нови реквизити, клупи и слично, затоа што тој дел е со зеленило и не може граѓаните тука да добијат повеќе зеленило.

 Тоа се постоечки паркови. Можеби треба нова урбана опрема да се додаде, но далеку е од изградба на нов парк. Навистина појма немате кои се вистинските потреби на граѓаните, многу тажно – се вели во коментар под објавата на Фејсбук.

Граѓаните укажуваат и дека не е работата само да се прават нови работи, а старите да се запустуваат и да не се одржуваат.

Сите паркови се искршени и играчки и клупи и канти. Има глутници кучиња, сите треви се со „тони“ фекалии, немаш кај да прошеташ деца, ниту прав тротоар да прошеташ со количка… на секој чекор паркирани коли и дупки. Аеродром стана село!!! – реагира жител на општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот