Општина Тетово: Градскиот стадион имаат право да го користат само клубовите од Прва лига, за останатите ќе обезбедиме услови

Фото: ФК Тетекс/ Фејсбук

Од Општина Тетово, велат дека реакцијата на ФК Тетекс во која наведуваат дека тие како клуб како и ФК Љуботен и ЖФК Љуботен, немаат право да го користат стариот и новиот градски стадион, била непотребна.

Секој кој е во прва лига може да го користи градскиот стадион, а општината отсекогаш постапувала транспарентно и одговорно, кога било во прашање соживотот меѓу заедниците, стои во соопштениото на Општина Тетово

„Во оваа насока, реакцијата на фудбалски клубови во однос на користењето на спортските терени во нашиот град е јасно кршење на оваа традиција на транспарентност и одговорност. Нивната последна реакција беше сосема непотребна и неодржлива. Средба со претставници на клубовите имаше и се постигна јасен консензус. Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига на Северна Македонија и меѓународни фудбалски натпревари, но и за натпревари од особено значење, како на пример полуфинале и финале во Купот на Македонија. Од овој аспект, Општина Тетово покажува решеност да гарантира дека овој стадион треба да биде опремен со сите потребни услови и стандарди, како еден модерен и функционален објект кој ќе ги исполни сите барања на спортска арена од високото ниво во нашиот град, информираа од Општина Тетово.

Оттаму додаваат дека за останатите клубови кои не се дел од Првата лига ќе се уредат други терени.

„За екипите кои настапуваат во пониските лиги, општината има јасен став: ќе се уредат и други терени опремени со сите потребни услови за спортски натпревари. Така, еден терен ќе се гради кај Спортскиот центар во градот, а друг во село Сараќино. Двата терени ќе бидат опремени со потребната инфраструктура, вклучително и соблекувална за тимовите и канцеларии за клубовите. Со овие чекори, Општина Тетово ја потврдува својата посветеност за унапредување на спортот на високо ниво, транспарентност и правда за сите заедници кои живеат во нашиот град, додаваат од Општина Тетово.

Со реакција се јави и митрополитит Тетовско-гостиварски Г Јосиф.Тој упати целосна и безрезервна поддршка на јавниот апел за рамноправен третман на македонските фудбалски клубови „Љуботен“ и „Тетекс“, кои како што посочува се вистинско и маркантно обележје на македонскиот спорт и долгогодишната спортска традиција.

„Митрополитот ги повикува Општина Тетово, властите и одговорните со зголемено внимание да постапуваат во насока на овозможување на соодветен простор за делување и развој на сите луѓе, групи, клубови и организации, без разлика на нивната национална припадност. Секој човек има права и слободи, а секој заслужува рамноправен третман!Демократијата не завршува кога ги остварувате Вашите права, а почнува онаму каде започнува Вашиот интерес и за правата на другиот, се вели во соопштението на Митрополитит Тетовско-гостиварски Г Јосиф.

ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен без право да ги користат ни стариот, ни новиот стадион во Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот