Општина Аеродром: Жителите пријавуваат непријатен мирис кој доаѓа од околината на Скопје, надлежните да го решат проблемот
Општинските инспектори во Аеродром вчера затекнале пожар во близина на препумпната станица „Лисиче“ откако граѓаните пријавиле дека се шири непријатен мирис. Како што соопштија од Општина Аеродром, пожарот бил веднаш локализиран, но овој пожар не претставувал причина за чадот што се ширеше низ општината.
Препорачано
-Воедно, од нивна страна беше констатирано дека чадот и мирисот се предизвикани од пожари кој доаѓа од други општини во градот Скопје и околината. Во насока на решавање на проблемот, а со оглед на тоа дека надлежностите на општинскиот инспекторат се само на нашата територија, Општина Аеродром во неколку наврати реагираше за нивно гасење. Во оваа прилика уште еднаш ги повикуваме надлежните служби да ги преземат сите неопходни мерки за решавање на проблемот. Општина Аеродром и понатаму стои на располагање за решавање на сите проблеми кои се во надлежност на општината – се наведува во соопштението.
Центарот за управување со кризи вчера информираше дека гори трска и ѓубре во каналите околу Арачиново.
Од горењето на трската и сметот во воздухот „лета“ пепел и црни ситни парчиња, дури до населбата Пинтија, Општина Кисела Вода.
Густ чад се ширеше низ Скопје откако вчера попладне се запали и стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден.


