ФОТО: Пожар позади хотел „Белви“ во населбата Илинден, зафатена е голема површина

Фото: Слободен печат

Густ чад се шири низ Скопје откако попладнево се запали стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден.

Фото: Слободен печат

Запаленото стрниште односно трска ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Послените информации говорат дека пожарот зафатил поголема површина и ќе треба повеќе време да се ликвидира.

Фото: Слободен печат

Инаку пожар попладнево избувна во Општина Арачиново.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, гори трска и ѓубре во каналите околу Арачиново.

Од горењето на трската и сметот во воздухот „лета“ пепел и црни ситни парчиња, дури до населбата Пинтија, Општина Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот