„Оне Македонија телекомуникации“ единствен понудувач за нов мобилен оператор
На тендерот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за доделување одобрение за нов мрежен оператор, единствена понуда достави „Оне Македонија телекомуникации“, фирма во сопственост на унгарската „Фор-ај-џи“.
Препорачано
Комисијата за спроведување на тендерот денеска, на отворањето на понудите во АЕК, констатираше дека компанијата доставила целосна документација.
„Постапката ќе продолжи согласно законот. Следува евалуација на документацијата, по што ќе се изготви извештај,“ изјави претседателот на Комисијата, Игор Бојаџиев.
Бидејќи се распишани локалните избори, одлуката, доколку сè е во ред, ќе биде донесена по завршување на изборниот процес.
Иако тендерска документација за трет мобилен оператор подигнале три компании, на крај понуда доставила само една. Според условите, потенцијалниот нов оператор во земјава треба да започне со работа на крајот на 2026 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
20мин
-
28мин
-
38мин
-
42мин
-
42мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


