ОН: Државите должат 1,39 милијарди долари за членарина

фото: Flickr.com

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш нареди сет мерки да стапат во сила в понеделник во сите објекти и мисии на ОН ширум светот, со цел да се ублажи најголемата финансиска криза на организацијата во последните десет години.

Меѓу мерките што ќе се спроведат се откажување на состаноците, ограничување на деловните патувања, но и запирање на ескалаторите и намалување на климатизација и греењето.

Во писмото до шефовите на сите субјекти на ОН, Гутереш вели дека вонредната состојба ќе „влијае на условите за работа и операциите до понатамошно известување”.

Претставничката на администрацијата на ОН, Кетрин Полард, изјави пред Комисијата за буџет дека 128 земји платиле 1,99 милијарди американски долари во членарина за 2019 година до 4 октомври, и дека 65 земји должат вкупно 1,39 милијарди американски долари, од кои американскиот долг изнесува повеќе од една милијарда американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот