ОМРАЗАТА НЕ ЗАПИРА: Никна лажен инстаграм-профил на покојниот доктор Трајче Нешковски (ФОТО)

Не стивнуваат злобните коментари на сметка на покојниот пулмолог Трајче Нешковски. Откако утринава Слободен печат пишуваше за крајно нечувстителните коментари кои се нижеа поради партиската определба на Нешковски, попладнево на социјалната мрежа инстаграм никна лажен профил со корисничко име trajche.neshkovsk

Говор на омраза на социјалните мрежи по повод трагичната смрт на д-р Трајче Нешковски

На профилот може да се забележат фотографии преземени од фејсбук-профилот на Нешковски, а очигледно е дека некој тенденциозно сака да наштети на ликот и делото на покојниот пулмолог.

Оние кои го креирале профилот заследуваат познати лица присутни на оваа социјална мрежа, а  споделуваат и експлицитни фотографии на кои ги означуваат инстаграм-профилите кои имаат илјадници следбеници, како и инстаграм-профилот на Слободен печат.

Слободен печат веднаш го пријави овој профил за лажен, а доколку ве заследи и вас, сторете го истото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот