Омилениот зачин, лек за 100 болести: Дејствува противвоспалително, а помага и во слабеењето

Освен што е многу вкусен и еден од омилените зачини, ориганото има и многу различни предности кога е во прашање нашето здравје.

Како што наведува „Медикал њуз тудеј“ (Medical News Today), постојат неколку придобивки од редовното консумирање на овој зачин, кој најчесто се става на пица или се користи при подготовка на сос за тестенини.

Најновите истражувања покажаа дека ориганото содржи големи количини на антиоксиданти кои, меѓу другото, го штитат нашиот организам од разни болести.

Луѓето го користеле ориганото во билната медицина за лекување на многу болести, вклучувајќи рани на кожата, болки во мускулите, лошо астма, варење и симптоми на настинка.

Исто така, ориганото има и други придобивки за нашето здравје, кои го вклучуваат следново:

– има антиинфламаторно дејство

– го забрзува метаболизмот и промовира губење на тежината

– го потиснува апетитот

– го намалува ризикот од рак

– го намалува крвниот притисок.

Диететичарите исто така нагласуваат дека соединенијата во ориганото можат да помогнат во контролата на дијабетес тип 2.

Студиите на оваа тема покажаа дека редовното консумирање оригано може да ја подобри отпорноста на инсулин, како и да ја регулира експресијата на гените кои влијаат на метаболизмот на мастите и јаглехидратите. Исто така, може да влијае и на обновувањето на оштетеното ткиво на црниот дроб или бубрезите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот