ОМИЛЕНАТА ШПИОНКА на Черчил: Избодена до смрт во евтин хотел

За Кристина Скарбек се зборувало дека била омилената шпионка на Винстон Черчил, имала изклучително интересен живот и станала хероина на Втората светска војна. Нарекувана е полска Мата Хари и прва Бонд девојка

Израснала во богато семејство, а уште како дете била исклучително убава. Во 1930 година учествувала на избор за Мис на Полска.

Нејзината самодоверба и убавината и помогнале во првата мисија во Унгарија во 1939 година, а нејзиниот план за таа мисија изгледал како поглавје од шпионски роман.

Се преправала дека е новинарка од Будимпешта, потоа преминала во Словачка и скијала преку полската граница до Закопане. Откако ја отворила „курирската служба“, можела да почне да разнесува пропаганден материјал во полските мрежи, а потоа оттаму ги праќала во Лондон сите информации кои тие би ги имале.

 

Оваа шема функционирала се до неочекуваниот момент кога полскиот агент Андреј Коверски, чија задача била да и помага, се вљубил во неа. Иако била мажена Андреј брзо станал нејзин љубовник и најважната личност во нејзиниот живот.

Кристина обично се претставувала како Кристин Гранвил, а креативноста што ја вметнувала во својата работа како шпион станала легендарна.

Во една прилика, додека Германците ја испитувале, Кристина се гризнала за јазикот и ги убедила војниците дека има туберколоза бидејќи наводно кашла крв. Поради тоа ја пуштиле.

Еден ден два германски војника ја запреле во близина на италијанската граница и и рекле да ги дигне рацете во вис. Кристина го направила тоа, но под рацете им покажала две гранати со кои им се заканила, па тие морале да се повлечат.

 

Во една прилика се криела во грмушки од германска патрола и се нашла лице в лице со огромно куче кое лаело на неа. Успеала да го смири кучето правејќи звици поради кои на Германците им делувало како да се опколени, па тие побегнале.

Сепак, еден од нејзините најпопуларни потфати било спасувањето на водачот на движењето, Франсис Камер, кој бил заробен од Гестапо. Таа го пронашла така што шетала околу затворот и ја пеела песната „Фернки и Џони“, која двајцата ја знаеле. Потоа Франсис почнал тивко да ја пее песната и на тој начин Кристина го лоцирала. Кристина ги убедила полицајците дека му е сопруга на Франсис. Тие ја пуштиле да влезе и таа некако успеала да го спаси од затворот.

По војната, нејзиниот живот тргнал во друга насока и станувал сè полош. Како награда за своите залагања добила само 100 фунти, поради што била принудена да работи како чистачка на крузер.

Умрела во 1952 година кога е избодена до смрт во евтин лондонски хотел каде што живеела. Ја убил Денис Мулдауни, кој исто така бил член на посадата на крузерот и бил опседнат со неа.

Во Полска неодамна е објавено дека се подготвува филм за животот на оваа неверојатна хероина, а писателката Клер Мули ја напишала книгата „Шпионот кој љубеше“ посветена на нејзиниот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот